Последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат, изјави денеска при посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој смета дека пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите.

Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.

Ахмети уште еднаш ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата паратија го турка во јавноста.

Ветингот се обидуваме да го инсталираме подоглго време и тој да не биде само за обвинители, судии, туку и за сите политичари кои ќе раководат со државата. Тоа е еден вид скенер, кој ќе ни покаже кои се идните раководители, рече Ахмети.