Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Зоран Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време.
Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.
Comments are closed for this post.