Стручното мислење дадено од страна на архитектот и професот Мирослав Грчев, докажува дека објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски бил граден спротивно на одобрението. Во документот од 2011 година, Грчев посочува дека спорниот објект, за кој судскиот случај е сè уште во тек, сепак имал отстапување во градбата.

На едно од последните рочишта Цановски потврди дека го ангажирал Грчев за мислење и вештачење, но не можеше да се сети дали го има видено извештајот и какви забелешки имал професорот.

Не можам да се сетам што пишува, немам појма, одговори Цановски пред судот.