Целта да се обезбедат стабилна Влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси е исполнета, порачаа по вчерашната работна средба во Владата премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Следните парламентарни избори, како што информираа од владината прес-служба, се очекува да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а дотогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза.
– Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евроатлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија, беше соопштено по средбата
Comments are closed for this post.