Лидерот на ДУИ,  Али Ахмети приредил проштален ручек за американскиот амбасадор Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на месец март.

Ахмети и амбасадорот Бејли како што информираат од партијата направиле ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.

„Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската Унија за Интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија. Ахмети изрази благодарност до амбасадорот Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето  кон евроатлантската интеграција.  Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Но, останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото“, сти во соопштението испратено до Мала Речица.

Ахмети му порачал на Бејли дека кога и да се врати за да ја посети Македонија,  ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.