Афера „Паразити“: Томислав Тунтев како да е директор во Германија, зема плата од 3.300 евра месечно

15.11.2022 / 13:03


Денес продолжуваме со нови детали од аферата „Паразити“, голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

– А на индексот на мизерија сме втори во Европа. Дел од аферата „Паразити“ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3300 евра, рече Томовски.

Јавноста, додаде тој, ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа.

Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Во Македонија во која што народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра.

Аферата „Паразити“ покажува дека низ институциите лежат скриени поголем број именувани функционери кои во услови на криза, додека најголемиот број од работниците работат за плата под просечната, земаат плати кои на годишно ниво изнесуваат неколку десетици илјади евра, вели Томовски и додава:

-Дел од аферата „Паразити“ е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.

Никола Љушев како дел од УО на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За една година тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.

Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.

Томовски посочи дека ова се само дел од функционерите од аферата „Паразити“ и најави дека утре ќе продолжат нови детали, на нова прес конференција.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Избрана трасата за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, камен-темелник се очекува кон крајот на летото 2027 година

пред 3 часа
Македонија

Николоски: Целосна реконструкција на патот Валандово – Струмица, в година активности за патот кон Дојран

пред 1 ден
Македонија

Личност на неделата: Кристијан Корабоски

пред 1 ден
Македонија

Aндреј, џабе ти ги земаат парите свиркачите „из Београда“

пред 2 дена
Македонија

Kaко владада на Ковачевски отворила пат за влез на Алта банка во Македонија?

пред 2 дена
Македонија

До кога СДСМ ќе бега од нова Надзорна расправа за Алта банка?

пред 2 дена
Македонија

Панче Тошковски доби награда за „Сејф сити“ во Дубаи

пред 2 дена
Македонија

Трамп за Путин рече дека е негов пријател (ФОТО)

пред 3 дена
Македонија

Николоски бара истрага за Пендаровски за Законот за игри на среќа

пред 3 дена
Македонија

Поразот од Словенија за пад од две места на ФИФА листата

пред 3 дена
parla iptvLigobetcasino siteleristarzbetsahabetgrandpashabet girişgrandpashabet girişdeneme bonusujojobet günceldeneme bonusudeneme bonusu veren sitelerDeneme Bonusu Veren Sitelerdeneme bonusu veren sitelergrandpashabetgrandpashabet deneme bonusugrandpashabet deneme bonusuDeneme Bonusu Veren Sitelerdeneme bonusugrandpashabet girişgrandpashabetgrandpashabet güncel girişdeneme bonusugrandpashabethttps://centromedicoflorence.com/cookies-service/betkommarsbahisbahis siteleribahis siteleriGrandpashabet girişjojobetjojobetjojobet giriş