Јанева е жртва и тоа ќе го докажеме – изјави адвокатот на Катица Јанева, Стеван Павлески, откако специјална обвинителка беше доведена во Кривичниот суд.

Павлески додаде дека е изненаден од одлуката на судот да ја  прошири истрагата за случајот „Рекет“ кон Јанева и оти ќе побара на Јанева да ѝ се дозволи да присуствува на утрешниот погреб на нејзината мајка.

Адвокатот на Јанева објасни дека кога во текот на вчерашниот ден, Јанева била повикана во својство на сведок одговорила на се што побарало Обвинителството за организиран криминал.

Јанева е човекот кој гледаше либерално на притворот. Таа е единствената која  дозволуваше куќен притвор, враќање на патните исправи.Погледнете ги одлуките на Одделението за организиран криминал – тие нмеаа такво искуство, но ете тоа некој и го зема за зло. Таа е жртва во случајот и ќе го докажеме тоа – изјави Павлески.

Катица Јанева е уапсена за злоупотреба на службена положба за случајот „Рекет“.