Адвокатот на Никола Груевски на денешните завршни зборови во случајот ТНТ истакна дека  на објектот “Космос” е направено законски и оти тоа е одлука на општината Гази Баба, а во тоа поранешниот премиер нема никаква улога.

-Тој во периодот на рушењето бил претседател на Владата. Општината во никој случај не е потчинета на Владада, ниту пак е должна да ја слуша, изјави Мехмет Сефери.

Сефери објасни дека одлуката за рушење ја донела општината врз основа на неправилности во градбата. Како доказ за тоа, Сефери посочи дека самиот инвеститор барал измена на градежната дозвола.

Во врска со разговорите меѓу Груевски и Јанакиески во кои тие говорат за рушење на објектот вели дека тие се селективни, а згора на тоа незаконски прибавени.

-Не е важно кој со кого разговарам туку дали општината постапила законски, додава Сефери.