Одбраната на Миле Јанакиески на денешните завршни зборови во случајот ТНТ реагираше на тоа што oбвинителот Бурим Рустеми во последен момент направил измена на обвинителниот акт, што според нив е недозволиво во оваа фаза на постапката.

Адвокатот Дончо Наков смета дека Законот за кривична постапка не предвидува прецизирање на обвинителниот акт, а со денешното излагање на Рустеми е направена измена. Затоа Наков побара да му се достават измените за да може да ги даде завршните зборови.