Граѓанската иницијатива за изедначување на правата на лицата со посебни потреби „5ДО12“ бараат медијаторство од Европската Унија за да биде мост меѓу здружението и институциите на системот во државава.

Од иницијаативата „5ДО12“ велат дека од барањата кои пред две години ги упатиле до Владата, за унапредување на правата на лицата со посебни потреби, не се случило ништо од предвиденото и ветеното, а соработката со надлежните институции не е на завидно ниво.

Појаснуваат дека надлежните и одговорните, немаат разбирање за барањата, вклучително немаат ни капацитети за имплементација и реализација.

Од иницијативаат бараат: Промени во Уставот, во Законот за здравство, образование, социјална заштита, закон за правда. Воведуање институција Народен правобранител за лица со посебни потреби, како и проактивно учество на целните групи во политиката и воопшто сите сфери на општествениот живот.

Барањето за медијаторство од ЕУ, од иницијативата го доставија денеска и до Канцеларијата на ОН во Македонија, до Канцеларијата на СЗО и УНИЦЕФ.