Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Љубљана оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, информираат од партијата.
Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење.Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии“, стои во партиското соопштение.
Јанша ја изразил својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.
Во текот на средбата ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните“, истакнал Мицкоски.
Comments are closed for this post.