Процедурите и роковите се познати, а одлуката СДСМ ќе ја донесе на 3-ти март на конгрес. Во меѓувреме течат дискусии, консултации и анализи, а сега сме фокусирани на главните државни прашања, одговори денеска вицепремиерот и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање во врска со политичките случувања за претседателските избори и ставот на СДСМ за нивниот кандидат.

Во однос на изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети дека нема да го поддржи кандидатот на СДСМ, Шекеринска рече дека за неа коалициите се партнерства и оти никој никому не може да му даде бланко поддршка.

Не само со нашиот владин коалициски партнер, туку и внатре во нашата колиција со која настапивме на изборите ќе имаме отворени разговори со сите партии. Не веруваме во привезоци, туку веруваме дека коалициите и партнерствата се да се сосолушаме, да разговараме и да го најдеме најдоброто решение не за Владата, туку за Македонија, рече Шекеринска.