Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретнал со претседателот на Република Србија и Претседател на СНС, Александар Вучиќ, информираа од партијата.

„Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план“, стои во партиското соопштение.

Двајцата соговорници се осврнале на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области.

„Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, истакнал Мицкоски.