300 починати од КОВИД-19 за една недела, и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а Филипче вели се е под контрола, велат во партискотосоопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За една недела имаме скоро 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија.

Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна излезена од контрола.

Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе 4-ти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации.

Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени.

Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да и даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија.