30-дневен притвор му е одреден на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Судот му одреди притвор по барање на СЈО поради опасност од бегство. Тој беше приведен со лисици на рацете во хотелот Мериот во центарот на Скопје.

Притворот е побаран за случајот „Таргет Тврдина“. Мијалков е веќе спроведен во затворот во Шутка, порврдуваат за ПресингТВ од Специјалното јавно обвинителство

Според обвинителниот акт во случајот „Таргет – Тврдина“ преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20.000 граѓани.