Денеска се одбележуваат 20 години од нападот кај тетовскотосело Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на татковината.

Хероите никогаш не умираат, е пораката која овој Велигден дел од граѓаните си ја разменуваат покрај честитките за празникот, во знак на сеќавање на осумтемина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ кои на 28 април 2001 година, од заседа, беа масакрирани кај тетовско село Вејце.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Осумтемина загинати барнители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.