Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски се прогласени за виновни терористичко загрозување на уставниот поредок, а Оливер Радулов терористичко загрозување на безбедноста. Пресудата за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“, беше изречена на 15 март 2019 година во Кривичниот суд во Скопје.
Обвинетите ги добија следните казни затвор:
Митко Чавков – 18 години
Митко Пешов – 15 години
Душко Лазаров – 15 години
Горан Ѓошевски- Леви – 15 години
Оливер Поповски – 13 години
Оливер Радулов – 10 години
Мунир Пепиќ – 15 години
Абдуљфета Алими – 7 години
Младен Додевски – 12 години
Јане Ченто – 15 години
Горанче Ангеловски – 12 години
Игор Југ – 12 години
Влатко Трајковски – 15 години
Вилијам Михајловски – 14 години
Никола Митревски-Кољо – 15 години
Александар Василевски-Нинџа – 8 години
Од затворските казни на обвинетите им се одзема времето поминато во притвор.
Comments are closed for this post.