Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија на попладневниот состанок во Луксембург разговараат за новите драфт заклучоци доставени до шефовите на дипломатии со кои се предлага раздвојување на Македонија и Албанија во поглед на отворањето преговори за членство.
Дипломатски извори кои учествуваат на состанокот, за Телма велат дека тоа е главната точка од попладневниот дел на министерскиот состанокот, но се уште нема консензус околу тоа прашање.
Меѓу нив се Хрватска, Летонија, Словачка, Словенија, Романија, Унгарија и Италија.
Претходно, Франција и Холандија не прифатија да се одобри датум за преговори за Македонија и Албанија во пакет.
Comments are closed for this post.