Донација од 13 500 брзи тестови доби државава од Кралството Норвешка. На примопредавањето на донацијата во кругот на Воено-медицинскиот центар во Скопје присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и одбранбениот аташе на Кралството Норвешка, Егил Далтвејт.
Кога станавме членка на НАТО кажавме дека од тој момент веќе не сме сами. И ова што денеска го правиме ја потврдува таа вистина. Во период од само две, три недели од пристигнувањето на важната НАТО подршка во форма на 60 респиратори и дополнителна опрема денеска добиваме значајна донација од еден од нашите постојани поддржувачи, а сега сојузник во НАТО, Кралството Норвешка. Како резултат на нашата одлична соработка во делот на одбраната ние во последниве месеци веќе добивме поддршка во форма на медицински материјал кој се користи во Воено медицинскиот центар, но ова денеска ги надминува границите само на Армијата, истакна Шекеринска.
Денеска како резултат на оваа поддршка од Министерството за одбрана на Кралството Норвешка, посочи министерката, добиваме 13 500 брзи тестови кои веднаш ќе значат подобрување на нашата работа ефикасност и сигурност и во армијата, но и во државата.
Comments are closed for this post.