Драги сограѓани, Гоце го има во химната, за кого би протестирале ако не за Делчев. Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет и затоа сме денес овде, затоа што Делчев е Македонија и столбот на нашето постоење како народ. И сакам јасно да реагирам на една теза на власта, неоправданото лепење на етикета врз сите нас, врз сите вас кои што сте овде, но и оние кои што оваа вечер не можеа да бидат со нас. А тоа е дека патриотизмот значи некаква демоде политика и застанатост во минатото. Дека тоа било популизам и некаква анти-ЕУ позиција. Дека откажувањето од Делчев според власта е една од стоте работи која мораме да проголтаме за некаква подобра иднина. Веднаш, веднаш ќе кажам дека не е така, македонизмот и она што сме не е ништо помалку важно од европеизмот, македонизмот е над и пред се. Европската Унија кон која еве веќе 4 години оваа мафија не држи се подалеку е токму тоа за кое и денеска овде викаме едно големо УАА мафијо! Ние сме овде собрани за почитување на различноста, солидарноста и взаемното разбирање. И да, денес сме тука и за Европската унија и за Гоце Делчев.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот масовен протест во Скопје.
Драги почитувани сограѓани, браќа и сестри, нашите историчари кои разговараат мора да знаат дека ја имаат нашата поддршка, поддршката од народот кога веќе ја немаат таа од власта, затоа еден громогласен аплауз за нашите историчари, кои се борат за нашите македонски позиции. Народот е најважен затоа што народот е државата, а не смееме да и дозволиме на власта да станеме територија, а не држава.
Протестираме, затоа што Делчев е и европска вредност, затоа што неговата идеја за слобода и културно издигнување на еден народ е идеја врз која почива и Европската Унија. А нашата иднина е токму таму во Европската унија.
И јасно и гласно кажувам ова СДСМ предводено од Зоран Заев не е за Европската Унија, затоа што тој е се што е спротивно од она што претставува европска вредност.
Заев е против Европската унија затоа што таму нема обвинители коишто во спрега со врхушката на власт рекетираат 8 милиони евра. Затоа што таму нема да се случи банка да пропадне со 200 милиони евра пари на граѓаните, а истата таа банка ги злоупотребила тие пари финасирајќи бизниси на фамилијата на власт“, истакна Мицкоски.
Тој потенцира деја власта е против Европската унија затоа што ја поскапеа електричната енергија и на шверцерски го осиромашуваат народот.
Тие се против Европската унија што го задолжија овој народ за само еден квартал за три 1 милијарда евра средства коишто ги потрошија во предизборен и изборен поткуп и на тој начин ја украдоа волјата на граѓаните во Македонија.
Тие се против Европската унија затоа што склопуваат бизнис зделки со анти-ЕУ бизнисмени во вредност од 200 милиони евра во Тетово.
Тие се против Европската унија затоа што за сообраќајка со смртни последици не се лежи во затвор, но за украдена кутија цигари се оди.
Тие се почитувани браќа и сестри против Европската унија, за да може да крадат и да не одговараат.
Тие се против Европската унија, затоа што се мафија која 4 години не држи надвор од Европската Унија и исто време се претставуваат како лажни европејци, а во исто време не престануваат да крадат и лажат, расподаваат, понижуваат и засрамуваат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека нашата иднина е токму таму во Европската унија и таа ќе дојде, но без овие луѓе на власт. Додаде дека Заев не е иднината, дека тој е заканата за Европската иднина на овој народ, на македонците, албанците, србите, власите, турците, бошњаците и сите оние коишто живеат во оваа наша мила и сакана Македонија.
Сакаат да го продадат Гоце, за да можат да си поделат уште некоја лиценца за производство на марихуана, нови зделки со бизнисмени со сомнително потекло на капиталот, за нова урбана мафија, да диктираат судски пресуди, да го ограбуваат народот.
И токму затоа денеска сме тука затоа што во Македонија освен мафија има и народ и тој народ си ја сака државата и сака иднина во оваа држава.
Овој народ си го сака Делчев, затоа што Делчев е симболот на Македонија и ние од Делчев нема да се откажеме, Делчев е нашата тврдина која нема да ја напуштиме. Делчев обединувал, а денес ова СДСМ со Заев разединува. Тоа е трагедијата на денешното време.
Затоа сме денеска тука за да кажеме мафијата не е посилна од вистината. Изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија!
Изборот на овој народ и на оние стотоци илјади кои што се денеска дома и не гледаат е Македонија, ајде заедно да дадеме надеж дека можеме од оваа држава наша да направиме гордо, достоинствено место за живеење.
Сосема на крај да ви се заблагодарам за вашето присуство на овој подготвителен прв протестен собир и да им кажеме опаметете се, Делчев е нашиот последен бастион, Делчев е нашата тврдина, Делчев е нашиот Мечкин камен и нема да отстапиме ниту педа, ниту милиметар од Делчев, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.