Делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Чешката делегација ќе биде пречекана со високи државни почести пред платото на Владата  по што премиерот Бабиш ќе биде примен од неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев.

Против Бабиш од април се одржуваат масовни протести за да се испита дали тој примил субвенција од два милиони евра од ЕУ за фарма и конгресен центар.

 

 

Бабиш е втор најбогат Чех, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари.