Владата обезбеди 98 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, за борба против аерозагадувањето.

На седницата на Владата, освенодвоените финансиски средства, е донесена одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година.

Како една од одлуките на денешната седница, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година.