Од 17. до 19 јули 1967 година, во познатата црква „Света Софија“ во Охрид, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го одржал Третиот македонски црковно-народен собор. Годината е симболична – точно два века претходно, во 1767 г., Цариградската патријаршија со поддршка од Отоманска Турција издејствувала укинување на автокефалната Охридска архиепископија.