Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во изминатото деноноќие активно работеше на одржување на безбедноста во сообраќајот и патниот сообраќај во државата се одвива непречено, се вели во соопштението на „Македонија пат“. 

Во соопштението, понатаму се истакнува: 

„Сите расположливи капацитети и сета механизација е ставена во функција насекаде во Македонија со цел навремено расчистување на снегот. 

Укината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен -Охрид превој Буково , а укината е и забраната на магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин-Делчево. Сообраќајот на овие делници се одвива непречено.

Екипите на Македонија пат остануваат на терен и апелираме возачите да го прилагодат управувањето со своите возила согласно условите на патот.“