Техничката влада заминува во историјата. Ќе ја има уште на следните избори, без разлика кога ќе се случат. На една демократска држава не и приличи да има избори во кои ќе влегува опозицијата за да се гарантира фер гласање. Т.н Пржинска влада беше воведена по договорот што беше направен со четворицата тогашни лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на улицата „Зеленгора“ во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година кој требаше да стави крај на политичката криза во Македонија која се случи по прислушуваните разговори кои ги објавуваше СДСМ.
Со тој договор опозицијата назначува технички министри за внатрешни работи и труд и социјала а пак власта именува дополнителни заменици министри во МВР и Социјала. СДСМ пак во финансии, земјоделство и Информатичко општество.
Најважен дел од овој договор беше што актулениот премиер си заминува на 90 дена пред избори а на неговото место доаѓа друг од владејачката партија.
Досега со Техничката влада и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ губеле и добивале избори и таа не влијаше во исходот на победникот.







Comments are closed for this post.