Пронајден е нов доказ во истрагата на поздаборавената српска пејачка Јелена Марјановиќ. По се изгледа дека ќе биде подигнато обвинение против нејзиниот сопруг Зоран бидејќи бил откриен крунски доказ дека тој бил до неа во моментот на убиството.

Според доказот, калта во косата на Јелена се поклопува со калта на панталоните од Зоран. Форензичарите откриле дека се работи за ист материјал и според тоа Зоран директно учествувал во убиството на сопругата.