Откако он лајн трговијата почна да ги претекнува, „H&M“ почнува да ја менува тактиката и повеќе продажбата по пониски цени нема да им биде главна стратегија.

Претседателот на управата на компанијата, Карл-Јохан Персон, најави дека нема да има „луди распродажби“, а тоа е со цел да се спаси брендот.

„H&M“, некогаш беше водечко модно име во конфекциската малопродажба, познат по ниските цени и уличната мода. Продажбата им растеше до средината на 2000-те, кога модниот синџир се ширеше со молскавична брзина.

Но, муштериите почнаа да се вртат кон други имиња, а најголема конкуренција им е „Зара“, којашто и самат ја губи трката со интернет продажбата. Најголем пад на заработката „H&M“  бележи од 2016 година па наваму.

Аналитичарите сметаат дека „H&M“ има проблем со марката – таа не најевтина, нема најдобар квалитет, не продава последна мода, па затоа заостанува зад конкуренцијата.

Скандија, еден од акционерите, смета дека „понудата е клучниот проблем“.

АСОС и Боохоо кои тргуваат на интернет ја победуваат H&M и по ценат и по брзината. Зара е зад нив, односно успешно фаќа приклучок.

Колку е брендот во криза, говори податокот што H&M на залихи има стоки во вредност од 4 милијарди долари. Се проценува дека со агресивните распродажби некогаш моќниот бренд само ја губи силата и прашање е дали марката ќе успее да преживее.

Затоа стратезите сметаат дека да се подобри синџирот за снабдување и оти расчистувањето со залихите ќе претставува нов почеток.

А, најглавната новина е што „H&M“ повеќе нема да се потпира на распродажби.