Докторката Дивна Војновска , која е  прва докторка по шест месеци во местото Суќурај , на Хвар , денеска имаше полни раце работа, пишуваат хрватските  медиуми.

Докторката дошла на задоволство  на жителите , кои половина година биле без медицинска помош. Ниту еден доктор од Хрватска не се јавил на јавниот оглас , на кој се нудело плата , стан и 7 000 евра бонус, јавуваат хрватските медиуми.

Првиот ден на работа на докторката и поминало со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок , да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.

Околу четиристотини жители на местото Суќурај од денеска добија медицинска нега, а во анкетата велат дека се многу задоволни од новата докторка од Македонија.

Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.