Социјалната мрежа WhatsApp не функционира во многу делови на светот .

Поради денешните проблеми на социјалната мрежа WhatsApp низ целиот свет , корисниците немаат комуникација. Според сајтот Даун Детектор, проблемот е пријавен на различни оперативни системи , кои вклучуваат Ајфон и Андроид.

Според британски Индипендент , корисниците се жалеле дека не успеваат да пратат порака , ниту да вчитаат апликација.

Сепак , проблемот на WhatsApp не влијае на сите корисници , а некои успеале да допрат до системот и преку телефон и преку сајт.

За сега не е позната причината за проблемите на оваа социјална мрежа .