Eвропа Ностра – Европскиот глас на граѓанското опшество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка, денеска ја објавија листа на седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021, меѓу кои се и зградата на Централна Пошта во Скопје.

Зградата на Главната Пошта во центарот на Скопје e дело на ахтитектот Јанко Константинов.

Целта на оваа листа на 7 -те најзагрозени за 2021 година е да алармира за сериозната закана со која се соочуваат овие локалитети – важни сведоштва за заедничкото минато, меморија и идентитет велат од „Европа Ностра“, чиј борд ја направил селекцијата за оваа година.

Зградата, односно Шалтер салата, преживеа пожар во 2013 година, во кој куполите и муралите на Борко Лазески, како и специјално дизајнираните мебел и осветлување, беа целосно уништени или претрпеа сериозни оштетувања.

Номинацијата на Шалтер салата беше поднесена од страна на Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), а во соработка со Пошта. Објавата на  финалистите беше направена на дигитален настан на кој учествуваше и Марија Габриел, ЕУ комесар за иновации, истражување, култура, едукација и млади“, се наведува во соопштението од „Пошта“.