Во Харбин, град на северот од Кина познат по студените зими, денеска започна годишниот Фестивал на мразот, а повеќе од 300 мажи и жени, само во костим за капење и пркосеа на студената вода на натпревар во пливање, како дел од фестивалот кој важи за еден од најголемите на северната хемисфера.
Температурата во овој град, кој се наоѓа во кинеската провинција Хејлонгџанг, може да се спуштат 35 степени целзиусови под нулата.
Откако за прв пат е одржан на почетокот од осумдесетите години од минатиот век, Фестивалот на мраз секоја година привлекува туристи од целиот свет. На официјалната страна пишува дека секоја година очекуваат од 10 до 15 милиони посетители, а фестивалот се реализира на 600.000 метри квадратни.
Помеѓу најголемите атракции се возењето санки по реката Сонгхуа, групните венчавки и огромните скулптури од мраз и снег кои ги обликуваат илјадници уметници и работници.
Comments are closed for this post.