Како би го зајакнал научниот и технички потенцијал на компанијата за најавената офанзива на нови модели, АвтоВаз запосли 400 нови инженери, вклучувајќи и млади стручњаци и дипломци, наведува рускиот Аутостат.

Пред крајот на минатата година започна продажбата на СУВ моделот Лада (XRay Cross)

Освен тоа, на саемот на автомобили во Москва, АвтоВаз го изложи концептот Лада 4×4 за кој се верува дека претставува продолжение на легендарната Нива. За изгледот на концептот 4×4 заслужен е шефот за дизајн Стив Матин, кој ја обликуваше новата генерација на моделите на Лада.

На старата Нива потсетуваат некои елементи од екстериерот, како „шкрги“ на задниот носач на кровот.

Со должина од 4,2 метри овој СУВ е поголем од актуелната Лада Нива за околу 25 цм, но детали за погонот не се соопштуваат.

Иако од компанијата не ги откриваат плановите за продукциска верзија, новата верзија на Нива би можело да го здогледа светлото на денот кон крајот на 2019 година.