Во Швајцарија денеска се одржува референдум „за“ или „против“ роговите на кравите, јавуваат странските медиуми. Негов иницијатор е фармерот Арим Капаул, кој успеал да ги собере потребните 100.000 потписи за да ја спаси, како што самиот вели, „честа на швајцарските крави“.

Денес во Швајцарија одвај 10 % од кравите се со рогови. Аргументот роговите да им се отстрануваат брзо по раѓањето бил дека животните можат да се повредат во шталите или при транспортот. Меѓутоа, според Капаул, роговите биле важни за топлината и температурата на кравите, дека ги имаат по волја на природата, а и на пакувањата на чоколадите-заштитниот знак на Швајцарија-кравите се со рогови.

Референдумот, се разбира, има и друга димензија-13 милиони евра. Ова оттаму што учесниците ќе треба да одлучат и дали да им се даде финансиска поддршка на сопствениците, кои ќе сакаат да им ги зачуваат роговите на своите крави и кози.

Референдумот, по се изгледа, нема да биде успешен. Претходните анкети говорат дека 46% од Швајцарците се против.