Ајфеловата кула денеска „наполни“ 130 години! Сметана за грдо недоразбирање при поставувањето во 1889 година, таа денес е еден од симболите на Франција. Наречена едноставно “300-та метарска кула“, објектот е подигнат по повод одржувањето на Светската изложба во Париз. Подоцна го добива името според својот конструктор Густав Ајфел.
Ајфеловата кула е најпосетуваниот туристички објект во светот. По нејзините скали просечно секоја година се искачуваат по 7 милиони посетители. А, откако е подигната ја посетиле 300 милиони луѓе.
Comments are closed for this post.