„На 30-ти август Полихроно вриеше од медузи… Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии…“, вели Александра Василева, која објави и фотографии од медузите на Фејсбук.

 

Во Фејсбук групата „На одмор во Грција“ осамнаа фотографии направени на 30-ти август во Полихроно на првиот крак во Грција.

Ова место, на 98km југоисточно од Солун, непријатно ги изненадило туристите кои сакале да уживаат во водите на Егејското Море, а една туристка од Македонија одблиску ги фотографирала медузите.

Фотографиите се на Александра Василева, а нејзината објава гласи:

„На 30-ти август Полихроно вриеше од медузи… Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии…

Во морето кај и да се свртиш ги имаше, а приквечерината веќе излегуваа и на брег.