Првите две германски регионални железнички композиции „Корадија ај Линт“ со водородни келии беа пуштени за редовен превоз на патници. Овие возови имаат нулта емисија на штетни гасови и засега поврзуваат четири гратчиња, при што рутата е долга 100 километри.

Возовите се произведени во погоните на француски „Алстом“, а една од главните цели е да се истисне дизелот во железничкиот сообраќај во Германија. Германските железници го најавија проектот пред две години.

Со едно полнење на резервоарот со водород, возот може да мине илјада километри, јавуваат западните медиуми.