Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет продажбата, Јусаку Маезава ќе биде првиот човек што туристички ќе ја посети Месечината.

Тој со себе има намера да понесе и уметници од повеќе области, за сето тоа да биде еден голем уметнички проект, соопштија претставници од компанијата Спејс-Икс.

Според „Форбс“, 42-годишниот Јапонец располага со речиси 2,9 милијарди долари. Тој исто така е и колекционер на уметнички дела, за што е подготвен да потроши и стотици милиони долари.

Летот треба да се реализира најрано во 2023 година.