Мистериозен правоаголен предмет, што наликува на мобилен телефон, е пронајден на древен археолошки локалитет во Сибир, познат како „руската Атлантида“.

Предметот со димензии 18 на девет центиметри, изработен од темносив камен и украсен со полускапоцени камења и кинески монети, е откриен заедно со скелет од жена, којашто припаѓала на древно номадско племе што ја неселувало источно евроазиската степа од третиот век пред новата ера до првиот век од новата ера.

По откритието, археолозите, ја нарекле жената Наташа, а нејзиниот предмет, на шега, го нарекле „ајфон“.

Гробното место на Наташа со ајфонот од ерата Ксионгну е едно од најинтересните во оваа некропола“ – изјавил археологот, Павел Леус.

Локалитетот што се наоѓа на дното на Сајанското море во планинскиот регион Тува е познат по тоа што на археолозите им е допстапен само неколку недели секоја година, додека останатото време се наоѓа под вода, објаснуваат руските медиуми.

Некрополата „Ала-теј“, во археолошките кругови важи за богата ризница на предмети што датираат уште од Бронзеното време.