Семејство од Единбург е на пат да стане милионер благодарение на една обична шахофска фигура, пренесуваат светските агенции. Необичното откритие е јавно објавено од аукциската куќа „Сотби“.

Во 1964 година антиквар од Единбург за пет фунти купил мала шахофска фигура  изработена од моржова коска. Заради нејзината прекрасна изработка, што му оставила силен впечаток, тој и ја отстапил на семејството.

Но, многу подоцна ќе се покаже дека таа е дел од таканаречените „Шаховски фигури Луис“. Тие биле откриени во 1831 година на островот Луис, а местото каде се наоѓаат уште пет од нив се уште останува мистерија. Останатите фигури моментно се изложени во Британскиот музеј и во Националниот  музеј на Шкотска., каде годишно привлекуваат милиони туристи.

Историчарите ги сметаат шаховските фигури како важен симбол на европската цивилизација, а значењето им е толку големо, што влијаеле и на популарната култура. Британската писателка Џ. К. Роулинг, имено, се инспирирала од нив кога ја пишувала сцената за шаховската игра во еден од филмовите од серијалот за „Хари Потер“.

Семејството се грижело за фигурата повеќе од 50 години, кога одлучиле да ја однесат во „Сотби“. Така разбрале дека фигурата, што ја купиле за пет фунти, сега чини еден милион! Експертите очекуваат и уште останатите четири фигури, што недостасуваат од комплетот, да се појават во јавноста.