Французинот Жан Жак Савин е подготвен да го премине Атлантикот во портокалова капсула во облик на буре користејќи ја исклучиво силата на окенаската струја.

Тој го напушти Ел Хиеро на Канарските острови и се надева дека ќе пристигне до Карипските острови за три месеци. Во својот пловен објект има кревет за спиење, кујна и шпајз.

Седумдесет и едно годишниот Савин по пат ќе остава маркери кои ќе помогнат на океанографите во проучување на атлантските струи. Вести за патувањето се поставуваат на Фејсбук страната на Савин, а најновата порака е дека бурето „се однесува добро“.

Бурето е долго три метри, широко 2,10 метри и има шест метри квадратни простор за живеење.

На подот се наоѓа бродски прозор кој на Савин му овозможува да ги разгледува рибите. Французинот е поранешен воен падобранец, а работел и како шумар и пилот. Неговиот буџет за овој обид од 60 илјади евра е собран од прилози.

Савин со себе понел гускина паштета, и шише бело вино за прослава на Нова години, а понел и шише црвено вино за прослава на својот 72 роденден на 14 јануари.