Вистината е дека хипер автомобилите од секогаш биле на висока цена, но сепак 8.5 милиони долари за ЛаФерари на Ферари, се многу.

Сепак, на толку е процента вредноста на примерокот од снимката. Овој Ферари – ЛаФерари Аперта на 17 јануари ќе се најде на аукција која ја организира куќата РМССотхебју. Неговата минимална вредност се проценува на 6,5 милиони долари.

Овој примерок е произведен во 210 примероци. Испратен е во салон на Ферари во Беверли хилс минатата година. Се одликува со Неро Дејтона боја со црвени детали, а опремен е со сите достапни опции. Овој Ферари преминал се на се 2.414 километри.