Жените сега ќе можат да пливаат топлес во базените во Берлин, објави Друштвото за управување со базени во германската престолнина, одлука донесена во име на борбата против дискриминацијата меѓу жените и мажите.
Одлуката е одговор на Берлинската канцеларија за борба против дискриминација, откако една жена се почувствувала дискриминирана во однос на мажите кои знаат да пливаат без маица.
„По поднесената жалба, здружението Берлинер Бадер-Бетриебе ќе ги применува внатрешните и пливачките прописи во базените за да се почитува родовата еднаквост“, велат од друштвото.„Пливањето со голи гради сега ќе биде можно за жени или луѓе чии гради личат на женска биста“, се вели во извештајот.
Comments are closed for this post.