Амазонската шума секоја минута со сечење на шумата губи во просек по едно фудбалско игралиште, јавува Би-Би-Си. Сателитите покажуваат вознемирувачки податоци за најголемата тропска џунгла на Земјата.

Сечата на шумата е зголемена по изборот на новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Анонимни извори информираат дека шумското обезличување е дојдено по наредба на Владата. Според нив, претседателот на државата и наредил на целата администрација во делот на екологијата контакти со медиумите во врска со сечата во Амазон.

Преку системот Тајмлапс на Гугл се гледа разлика на еден ист регион во 1984 и 2018 година. Со голо око се забележува какви промени настанале за 34 години.