Пред точно 23 години во хотелот „Интерконтинентал“ беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан, а неговото семејство и пријателите како и секоја година дојдоа на неговата панихида и покажаа дека не го забораваат.
На панихидата дојде неговата вдовица Светлана Цеца Ражнатовиќ и нивните деца, ќерката Анастасија и синот Вељко. Прво се простија од насобраните гардисти, а потоа положија цвеќе на гробот.
Вељко и Анастасија носеа корпа и овал со храна. Тие ги запалија свеќите, а владиката Стефан прочита молитва. Семејството Ражнатовиќ на поменот беше дотерано како за на модна ревија.
Comments are closed for this post.