Славната сликарка Фрида Кало е една од најважните личности не само во Мексико, туку и во целиот свет. Нејзините слики, портрети и мурали се добро познати, но досега никој немал прилика да слушне како звучи нејзиниот глас.
Националната музичка библиотека на Мексико објави она што наводно би можело да биде прва и единствена снимка од нејзиниот глас.
Се работи за радио емисијата „Портретот на Диего“, во кој уметничката во 1949 година го опишува нејзиниот маж муралистот Дијега Риверу.
Снимката можела да се слушне уште пред шест децении во програмата на Алвар Галвез и Фуентеса, кој е познат по тоа што интервјуирал бројни значајни личности од културната сцена од тоа време,
Тој е големо дете, огромен, со пријателско лице и тажен поглед, вели смирен, јасен женски глас, со сладок тон, опишувајќи ги неговите „мрачни, многу интелегентни и крупни очи“ како и други физички и интелектуални особини.
Мексичката влада го објави најновиот пронајдок со огромна претпазливост, истакнувајќи дека иако наводите упатуваат дека се работи за гласот на Фрида Кало, тоа не е во потполност потврдено.
Comments are closed for this post.