Граѓаните годинава ќе имаат можност по шести пат да го проследат Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општина Аеродром и наш заштитен знак. Токму затоа од буџетот издвоивме 1.200.000 денари и логистички му помогнавме на организаторот Театар Комедија успешно да го реализира овој сѐ попопуларен настан во нашата општина, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, најави дека и годинава ќе имаме квалитетни претстави, така што покрај дел од македонските театри, со свои комедии ќе настапат и театрите од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска.
Претставите, од 2 до 9 септември, ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ секој ден од 20.00 часот, а влезот е бесплатен.
Инаку, „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлена меѓународна жири-комисија.
Comments are closed for this post.