Њујорк наскоро може да донесе одлука за целосна забрана за производство и продажба на крзно. Претставниците на оваа индустрија сметаат дека со оваа забрана може да се зазгрозат 1.100 работни места само во Њујорк. Од друга страна тие кои подржуваат воведување забрана сметаат дека носењето крзно е варваризам и нехумано

Судбината на овој предлог ќе се знае  наредните месеци, иако лидерите во оваа индустрија сметаат дека, ако оваа забрана стапи на сила во Њујорк, охрабрените  борци за права на животните ќе бараат уште многу повеќе.

Ако забраната биде усвоена, Њујорк ќе стане трет град во САД со таква забрана, по Сан Франциско, во која забраната ќе стапи на сила оваа година и Лос Анџелес, каде што ќе се применува од 2021 година.