Различни земји на ЕУ имаат различни Велигденски традиции и кулинарски рецепти. Но, едно нешто е секогаш присутно на празничната маса – чоколадо, пренесува ДПА.

Според статистичките агенции на ЕУ, чоколадата е многу популарна во сите земји во заедницата, но само неколку земји доминираат во неговото производство. Германија ја држи круната, обезбедувајќи 32 отсто од производството на Европската унија (ЕУ) и 1,3 милиони тони блокови чоколада.

После тоа,  Италија е рангирана со  18%, еднаква на 700.000 тони. Франција и Холандија сочинуваат 9% од вкупното производство на ЕУ од 400.000 тони. С

Следи  Велика Британија со 7% и 300 000 тони. И Белгија, Полска и Шпанија, заедно, сочинуваат 16% од годишното производство на оваа слатко искушение.

Осумте споменати земји се одговорни за 90% од производството на чоколадо во ЕУ. Тоа изнесува 4 милиони тони во вредност од 18,3 милијарди евра.