Објавен извештајот со кој се испраќа јасна препорака: Охридскиот регион да се стави на листата на светско наследство во опасност, пишува „Дојче веле“.
Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на Реактивната мониторинг мисија која го посети Охридскиот регион во јануари минатата година. На 125 страници детално се посочуваат сите неправилности околу грижата и заштитата на Охридското Езеро и во Македонија и во Албанија. Во извештајот се бара забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите во двете земји, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето. Како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, во него се испраќа јасна препорака: Охридскиот Регион да се стави на листата на светско наследство во опасност.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.