Австралиските власти објавија фотографија од змија со три очи пронајдена на автопат во северна Австралија, која угинала неколку недели по фаќањето.

Локалните ренџери ја пронашле змијата во гратчето Хампти Ду, 40 километри југоисточно од Дарвин. Кога угинала, била долга 40 сантиметри и два месеца стара.

Стручните лица истакнуваат дека третото око е последица на природна мутација. Поради тоа, таа имала проблеми со исхраната, соопштија надлежните служби.

Рендгенските снимки покажале дека сите три очи на змијата биле функционални.